• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас забележа асистенција во дресот на Наполи во рамки на Лигата на шампионите.
Наполи поведе на гостувањето кај Копенхаген (1-0), а стрелец беше Скот Мектоминеј. Шкотскиот фудбалер погоди со глава по одличен корнер на Ељиф Елмас кој сервира гол за калчолигашот.
Елмас добива се поголема доверба од Антонио Конте и ја оправдува во целост.








