Елмас се врати во стројот на Гатузо и го одработи првиот тренинг по паузата

Конечно заврши неочекуваниот проблем за нашиот репрезентативец Ељиф Елмас. Членот на Наполи повеќе од две седмици беше надвор од фудбалските терени, откако беше заразен со коронавирус, но по добиените три негативни тестови се врати во стројот на Џенаро Гатузо.

Македонскиот репрезентативец заедно со Пјотр Зелински (исто така заразен со ковид-19), утрово повторно беа дел од тренинзите на Наполи, но двајцата работеа под посебна персонализирана програма.

Тамошните медиуми пишуваат дека иако двајцата се целосно подготвени за настап, Гатузо нема да ризикува со нив и ќе ги озостави за дуелот во Лигата на Европа против Реал Сосиедад.

Но, доколку сè се одвива по планот Елмас многу веројатно ќе се најде во ростерот на тимот за претстојниот дуел во Серија А против Сасуоло.