Елмас се сели во Примера: Симеоне за него нуди пари плус Никола Калиниќ!?

Елмас Атлетико Мадрид насловна

Летово ќе биде бурно за Ељиф Елмас кој ќе добие понуди од сите страни и ќе мора да донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Неговите квалитети беа забележани од екипи како Лацио, Интер, Фиорентина, Тотенхем, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Зенит, Борусија Дортмунд и Севиља. 

Нови извори од Турција велат дека најнов кандидат за потписот на 19-годишникот е Атлетико Мадрид. Според истите понудата на „јорганџиите“ изнесува 15 милиони евра, а Диего Симеоне е подготвен да го понуди и напаѓачот Никола Калиниќ во замена за нашиот фудбалски „бисер“.

Креативниот фудбалер се пресели во Фенербахче пред две години, но набрзо го привлече вниманието на фудбалска Европа со своите настапи на клупски и на репрезентативен план.

Тешко лето го очекува турскиот гигант кој сигурно ќе слушне голем број на понуди и ќе мора да се ослободи од талентиранот играч за врска.