Елмас се потсети на дебито за Македонија и порача: „Сега е наше време!“ (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас ќе биде еден од лидерите на репрезентацијата за време на Европското првенство оваа година.

Од него ќе се очекува блесок на првиот голем турнир за Македонија. Навивачите со нетрпение го очекуваат дебито на нашата селеција на големите натпреварувања.

Идентично нетрпеливи се и фудбалерите. Самиот Елмас се потсети на денот кога го запиша првиот настап во националниот дрес. Тоа беше дуелот со Шпанија во Скопје пред четири години.

„Македонија - Шпанија во 2017 година, моето деби со репрезентацијата. #сегаенаше време“, напиша Елмас.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)