Елмас: Пресреќен сум за деби-голот, благодарам Фенербахче!

Најголемата фудбалска надеж на Македонија, Ељиф Елмас, по само еден месец го одушеви новиот предводник на Фенербахче, Филип Коку. Македонскиот репрезентативец за краток период се вклопи во системот на работа на холандскиот стратег, а пред два дена го постигна и својот деби гол во „жолто-синиот“ дрес. 

Токму заради големата посветеност на тренинзите и одличните игри, Елмас доби статус на еден од клучните фудбалери во филозофијата на Коку, кој секој ден упатува само пофални зборови за македонскиот бисер. 

По деби-голот со Феенорд, Елмас не го криеше своето задоволство и на социјалните мрежи им се заблагодари на клубот и фановите. 

„Пресреќен сум што го дадов првиот гол на „Шукру Сарачоглу“. Благодарност до Фенербахче, за големата поддршка што ми ја давате“, објави Елмас.

Според последните објави на турските медиуми моменталната цена на 19-годишниот универзалец изнесува 23 милиони евра, сума која за многу пати е поголема од ланската сезона.