• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас во новата година се очекува да има нов клуб заради малата минутажа во германски РБ Лајпциг, а отпадна една од опциите, тоа беше турски Фенербахче.
Се најавуваше можен кам-бек на македонскиот играч во Турција, но од тоа нема да има ништо. Турските медиуми објавија дека Елмас преку неговиот агент го информирал раководството на тимот предводен од Жозе Мурињо дека кај него не постои интерес за пак да игра за клубот.
Елмас играше за турски Фенербахче од 2017 до 2019 година. Сега, за Елмас главна опција останува тимот на Фиорентина кој сака да го врати „дијамантот“ во калчото.