Елмас прецизен од 11 метри, но Наполи по пенали елиминиран од Комо во Купот

Фудбалерите на Комо се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија, откако го елиминираа актуелниот национален шампион Наполи и тоа среде Неапол.

По деведесет минути фудбал, резултатот беше 1-1, а Комо, по драматично изведување на пенали, победи со 7-6 и се пласира меѓу четирите најдобри екипи во Купот. Хрватскиот играч за врска Батурина во финишот од првиот дел донесе водство за Комо од 0-1, но Наполи во игра се врати на стартот од првото полувреме кога на 1-1 израмни Вергара. 

Овој резултат остана непроменет по деведесет минути игра и на стадионот „Диего Марадона“ следуваа удари од единаесет метри. Поуспешни во пенал-серијата беа гостите. Лукаку и Лоботка не ги реализираа своите удари и Наполи ги заврши настапите во Купот на Италија. Нашиот Ељиф Елмас го одигра целиот натпревар за Наполи, а беше и прецизен од единаесет метри.

  • Извештај од натпреварот:

Комо ќе игра двомеч во полуфиналето против Интер, додека вториот пар ќе го компелираат Аталанта и победникот од дуелот Болоња - Лацио.