ВИДЕО: Елмас поради ситна повреда не беше дел од победата на Наполи против Про Вичели

Елмас

Ељиф Елмас поради мали проблеми со мускулот на ногата не беше дел од пријателскиот натпревар против Про Вичели.

Наполи успеа да слави со минимален резултат, благодарение на погодокот на Осимен во првиот дел. 

Македонскиот фудбалер не доби шанса, а не беше ниту на клупата. Лучијано Спалети не сакаше да ризикува ништо и му овозможи на офанзивецот да одмори.

Елмас ќе работи одвоено од групата во наредниот период, додека не ги отстрани ситните проблеми.