Елмас по голот против Галатасарај: Горд сум за мојот придонес!

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас успеа да постигне погодок за Фенербахче и со тоа да биде најзаслужен за освоениот бод во дерби-дуелот против лутиот ривал Галатасарај (1-1).

>>> ПОВРЗАНО - Блесок на „дијамантот“: Елмас погоди во дербито со Галатасарај! (ВИДЕО)

По натпреварот нашиот интернационалец на социјалните мрежи се заблагодари за поддршката, но воедно и жали поради тоа што неговиот тим не успеа да слави победа.

„Искрено сакавме да победиме и дадовме сè од нас, но не успеавме. Горд сум за мојот придонес. Ви благодарам за поддршката“, напиша Елмас на својот Фејсбук профил.

За Елмас голот против Галатасарај беше негов втор оваа сезона во турскиот шампионат, но сигурно дека е еден од најзначајните оваа сезона за навивачите на Фенербахче.