• Горан Упале
Екипите на РБ Лајпциг и Борусија Менхенгладбах одиграа здодевно реми без голови во рамки од десеттото коло во Бундеслигата (0-0)
- Извештај од натпреварот:
И двете екипи беа доста ослабени со неиграњето на голем број играчи, па на теренот ги немаше Раум, Лукеба, Симонс, Гертруда, Шлагер од една страна и Елведи и Лука Нец од друга страна.
Таквиот однос на силите повеќе им годеше на гостите од Менхенгладбах, бидејќи тие создадоа повеќе шанси за погодок, но на крајот не искористија ниту една, па натпреварот заврши со најнепопуларниот фудбалски резултат.
Во првото полувреме Клајндинст и Онорат пропуштија добри прилики, а во продолжението РБ Лајпциг некако успеа да се консолидира на средината на теренот и да одигра нешто подобро, но не доволно добро да се закани. Нашиот репрезентативец Ељиф Елмас не доби шанса за настап.
По ремито РБ Лајпциг останува на второто место на табелата со 21 освоен бод, додека Борусија има 14 бода и е на деветтото место во Бундеслигата.