• Мартин Танасковски
Екипата на Торино продолжи да игра во одлична форма во Серија А. „Биковите“ дома победија со Емполи (1-0) и четири кола по ред се без пораз во шампионатот на „чизмата“.
По првиот дел без голови и поголема иницијатива на Емполи, до победата Торино дојде во 70. минута, кога убав погодок постигна хрватскиот интернационалец Никола Влашиќ. Дадоа популарните „бикови“ уште еден гол, но им беше поништен со ВАР.
- Извештај од натпреварот:
Ељиф Елмас повторно имаше важна улога во триумфот. Тргна од првата минута и го одигра скоро цел натпревар. Македонскиот фудбалер беше на терен до 83. минута кога беше заменет од Јан Карамох.
Торино во Серија А е на единаесеттото место со 38 освоени бода, а во следната рунда гостува кај Лацио.