ВИДЕО: Елмас одигра цел натпревар, Валбуена го сруши Андерлехт

Турскиот гигант Фенербахче ја запиша втората победа во групата Д на Лига Европа и се доближи до нокаут фазата. „Жолто-сините“ денес го совладаа Андерлехт со 2-0 (0-0) и се зацврсти на второто место во групата зад Динамо Загреб.

Ервин Куман му даде доверба на Елмас и го сврсти во стартниот тим. Турксиот претставник почна агресивно и преку Слимани ги креираше првите две странци. Следуваше позитивен финиш на првиот дел за гостите и Требел ја погоди пречката од голот на домашната екипа. Сепак, и покрај активната игра, двете екипи на одмор заминаа со недопрена мрежа.

Иако на почетокот од вториот дел Андерлехт беше поактивен, во водство дојдоа Турците. Валбуена центрираше од левата страна, топката не ја зафати ниту еден од домашните, но и гостинските и го изненади голманот Дидилон (1-0).

Три минути подоцна по една груба гостинска грешка, Валбуена му сервираше зицер на празен гол на Матијас Фреј и Швајцарецот реализираше за финални 2-0. Гостите натпреварот го завршија со човек помалку заради црвениот картон на Закарија Бакали.  

Во рамките на групата К, Астана го совлада Јаблонец со 2-1. Со голот на Педро Енрике казахстанскиот тим донесе домашно водство, а Зајнутидов ја погоди сопствената мрежа во 40 минута за 1-1. Победа на тимот на Астана му донесе Евгени Постников во 88. минута.