ВИДЕО: Елмас одигра цел меч, перфектниот Наполи го разби Удинезе

Екипата на Наполи славеше на гости кај Удинезе (0-4) и по четири кола во Серија А остана едиснтвената перфектна екипа со максимален учинок во најквалитетниот италијански шампионат.

По победите над Венеција, Џенова и Јувентус, тимот на Лучијано Спалети одигра допадлив натпревар и со Удинезе и на доминантен начин ги освои трите бода. Добрите партии на наполитанците покажуваат дека овој ривал ќе биде тврд орев за секого, посебно за оние кои го отпишаа пред стартот на сезоната.

  • Извештај од натпреварот:

Удинезе се држеше дваесетина минути, а потоа се распадна. Во 24. минута Лоренцо Инсиње го проигра Онсимех, а тој го отвори резултатот, за десет минути подоцна Кулибали да се претвори во асистент, а реализатор беше Рахмани. На стартот на вториот дел, Кулибали постигна ефектен гол за 0-3. На пет минути пред крајот, во листата на стрелците се запиша и нововлезениот Хирвинг Лозано.

Ељиф Елмас се најде во стартниот состав и ја одигра целата средба за Наполи. Илија Несторовски, пак, уште не е подготвен по повредата на коленото и натпреварот го следеше од трибините.

Наполи е апсолутен лидер со четири победи на четири меча, а во следното коло гостува кај Сампдорија. Удинезе, пак, кој го доживеа првиот пораз, гостува кај Рома.

Состави

Luca Gotti

4-4-2

    Лучијано Спалети

    4-4-2