ВИДЕО: Елмас одигра цел меч, Наполи со два пенали до четвртфинале во Купот

Фудбалерите на Наполи рутински ја прескокнаа првата пречка од овосезонскиот Куп на Италија, откако во рамки од осминафиналето со 2-0 (2-0) славеа над второлигашот Перуџа, во натпревар во кој беа досудени дури три пенали во првите 45 минути. 

  • Извештај од натпреварот:

Џенаро Гатузо за овој дуел се реши шанса од првата минута да му даде на нашиот репрезентативец Ељиф Елмас, кој одигра солиден натпревар и на теренот ги мина сите 90 минути.

Натпреварот во Неапол започна со иницијатива на домашните фудбалери и голема шанса на Лозано и Манолас, но Перуџа успеа да се одбрани. Но, не и во 26. минута, откако главниот судија Масини го досуди првиот пенал на натпреварот. Сигурен реализатор на ударот од 11 метри беше Инсиње, кој по само 12 минути доби уште една шанса и повторно го надмудри Фулињати и зголеми на 2-0, резултат со кој се замина на одмор. 

Гостинските фудбалери во самиот финиш од првиот дел пропуштија голема шанса за намалување на негатива, откако по ВАР-прегледите Масини повторно покажа на белата точка, но овој пат Оспина на фантастичен начин го одбрани ударот на Имело. Вториот дел од мечот на „Сан Паоло“ мина доста мирно, без многу сериозни шанси, по што Наполи ја задржа победата од два гола.

Наполи во наредната фаза од Купот на Италија ќе се соочи со Лацио или Кремонезе.

Состави

Gennaro Gattuso

4-3-3

    Massimo Oddo

    5-3-2