• Мартин Танасковски
Екипата на РБ Лајпциг продолжи со позитивните резултати во Бундеслигата и по пет одиграни кола е без пораз. „Биковите“ дома демонстрираа моќ и го разбија Аугсбург со 4-0 (2-0).
Фаворитот ја оправда улогата и славеше со по два гола во двете полувремиња. Во првиот дел енигма за ривалот беше Бенџамин Шешко, Словенецот беше двоен стрелец во 11. и 15. минута. Во второто полувреме во листата на стрелците се запишаа уште Опенда и Симонс. Ељиф Елмас не беше дел од протоколот на овој натпревар заради повреда.
- РБ Лајпциг - Аугсбург 4-0:
Сент Паули ја забележа првата победа и славеше на гостински терен кај Фрајбург (0-3). Два гола постигна Сад, еден Афолајан, за голем триумф за новајлијата кого го чека битка за опстанок.
Три бода освои Хајденхајм против Мајнц (2-0), додека Менхенгладбах со доцен гол беше подобар од Унион Берлин (1-0). Натпреварот меѓу Волфсбург и Штутгарт заврши без победник (2-2).