Елмас не е сериозно повреден и ќе биде подготвен за дербито против Милан

Елмас

Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас предвреме го заврши мечот против Емполи. Офанзивецот на Наполи се пожали на болки, поради удар од противник.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека повредата на 22-годишникот не е сериозна и дека тој ќе биде во конкуренција за настап на големото дерби против Милан за време на викендот. Младиот талент доби удар во десната нога, поради што беше повлечен од игра во завршницата од последниот меч во Серија А. Лучијано Спалети има среќа што тој нема да прави долга пауза и ќе биде опција плус во офанзивата пред зимската пауза.

Елмас игра солидна сезона и ужива голема доверба кај тренерот на Наполи. Досега има еден гол и една асистенција во италијанското првенство и дури пет реализации во Лига Европа.

Наполи е во низа од три меча без победа, која се надева дека ќе ја прекине на гостински терен против второпласираниот Милан.