Елмас на списокот на Наполи за ЛШ, Конте мораше да го изостави Лукаку

Италијанскиот шампион Наполи се враќа во Лигата на шампионите, откако минатата сезона не играше во европските натпреварувања.

Во клубот од југот на Италија се врати и македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, а тој ќе биде еден од играчите на списокот на Антонио Конте за настап во елинтото натпреварување. Елмас се најде меѓуи 24. фудбалери пријавени за Лигата на шампионите, а пријавен е со бројот 20. 

Проблем за Конте и големи главоболки му правеше Ромелу Лукаку. Белгиецот неколку месеци ќе биде надвор од терените, па поради тоа италијанскиот тренер не го вклучи во списокот за Лигата на шампионите. 

Нападот на Наполи во ова натпреварување барем до крајот на главната фаза во јануари ќе го предводат Лоренцо Лука и Расмус Хојлунд.