• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас ја врати старата форма и минутажа во дресот на Торино, но неговата иднина во таборот на „биковите“ е неизвесна затоа што тој е скап за калчолигашот.
Како што пишува „Тутоспорт“, РБ Лајпциг бара 17 милиони евра за откуп, а Торино не може да го дозволи тоа, освен ако не пристигне некоја добра продажба од актуелните првотимци. Елмас е желба на тимот, но иднината му е отворена.
Истото го потврди и неговиот претставник во Италија, Џорџ Гарди, кој кажа: „Се е отворено и ќе видиме каква ќе биде иднината на Елмас по крајот на сезоната“.
Желба Елмас да остане во Торино покажа и директорот на калчолигашот, Давиде Вањати, кој кажа дека во оваа ситуација не зависи се од неговиот клуб, туку има и други фактори.
Елмас оваа сезона за Торино даде четири гола во првите седум меча.