Елмас: Мора да се кренеме од оваа бездна, бидејќи може да биде уште полошо!

Ељиф Елмас не го криеше разочарувањето по новиот пораз на Македонија во Лигата на нации. Нашата репрезентација вечерва загуби со 0-2 од Шкотска во Скопје, а македонскиот репрезентативец призна дека тимот одиграл под своето ниво и мора да извлече поуки од тешкиот период и да најде начин да се врати на вистинскиот пат.

„Искрено, не знам што да кажам. Игравме многу лошо, реално многу лошо... Моментално тешко е да се зборува. Заслужено победи шкотската репрезентација и тоа е тоа. Тешко им е на сите играчи, а и мене ми е тешко. 

Треба да извлечеме поуки и да научиме од овој пораз. Седум натпревари, седум порази и нула постигнати голови. Мене ми е најтешко, бидејќи по тоа што во минатото го направивме, не е лесно да се биде дел од овој тежок период за нас. Некогаш мора да се кренеме од оваа бездна, бидејќи може да биде уште полошо. Мора да ги спуштиме главите долу, да се соочиме дека сме под нивото во оваа група и само да гледаме да се подобриме“, изјави Елмас.

За Македонија ова беше трет пораз во исто толку натпревари во актуелната сезона на Лигата на нации, а прв бод ќе бркаме на гостувањето кај Швајцарија во Луцерн.

Состави

Гоце Седлоски

3-5-2

    Себастјан Покоњоли

    3-4-2-1