• Саше Љолес
Екипата на Борусија Дортмунд извојува важна победа над РБ Лајпциг so 2-1 во дербито на деветтото коло од германската Бундеслига. Нашиот Ељиф Елмас конечно доби малку поголема минутажа и втрча на теренот во 64. минута, но не можеше да го спаси својот тим од пораз.
- Извештај од натпреварот:
Гостите поведоа со голот на Словенецот Бенџамин Шешко во 27. минута, но „милионерите“ возвратија само три минути подоцна, кога Максимилијан Бајер израмни на 1-1 и го постави резултатот на паузата меѓу двете полувремиња.
Марко Розе во вториот дел реагираше со внесувањето на Елмас и Кампл, нашиот „дијамант“ во два наврати сериозно се закани по домашниот гол, но не успеа да го запише својот бундеслигашки првенец. Се играше 72. минута, кога домаќините успеаја првпат да поведат, а стрелец овој пат беше Серху Гираси, кој воедно го постави и конечниот резултат на мечот (2-1).
Борусија Дортмунд сега има 16 бода и се наоѓа на петтата позиција, додека РБ Лајпциг направи чекор назад во однос на водечкиот Баерн Минхен и останува на 20 освоени бодови.