ФОТО: Елмас ќе го носи товарот на „седумката“ во Наполи

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас во сезоната 2020/21 ќе игра со нов број на дресот. Офанзивецот на Наполи наместо 12 на грбот ќе го понесе товарот на бројот 7, кој во минатото го носеле големи имиња.

Овој број минатата сезона го носеше Хозе Каљехон, а претходно случајот беше со Езекил Лавеци и Единсон Кавани. 

Навивачите се надеваат дека младиот Елмас ќе ги оправда очекувањата и ќе ги повтори резултатите на претходните сопственици на „седумката“.

Новата сезона за тимот на Џенаро Гатузо ќе започне в недела со гостување кај Парма.