„Елмас ќе блеска оваа сезона, верувајте, Спалети е заљубен во него!“

Стефано Антонели, поранешниот спортски директор на Удинезе, Сиена и Торино, а сегашен агент, говореше за македонскиот фудбалер Ељиф Елмас и кажа многу убави зборови за него и за сезоната која следи.

Антонели истакна дека Елмас оваа сезона ќе биде вистинско изненадување во Италија и од него се очекува „бум“. Тренерската смена и доаѓањето на Лучијано Спалети во Наполи ќе има голем удел за тоа, затоа што, според зборовите на Италијанецот, тренерот е заљубен во квалитетите на македонскиот репрезентативец.

„Ги гледав тренинзите на Наполи со денови, го знам системот на работа на Спалети многу добро. Оваа година Елмас ќе блеска и ќе ве одушеви, затоа што Спалети е заљубен во него. Го гледа како главен актер. Ќе му даде простор, верувајте ми“, изјави Антонели.

Во сезоната 2020/21, Елмас забележа 33 настапи за Наполи, од нив претежно беа од клупата за резерви, а постигна два гола и додаде уште една асистенција зад своето име.