• Саше Љолес

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас одигра фантастичен меч во Лигата на шампионите, каде неговиот Наполи не успеа да дојде до победа над Ајнтрахт Франкфурт (0-0).
Италијанскиот шампион беше фаворит во пресрет на мечот, но не ги искористи своите шанси и мораше да се задоволи со само еден освоен бод. Нашиот Елмас повторно доби голема минутажа, беше стартер за „партенопеите“ и го одигра целиот натпревар.
Најзрелата шанса ја имаше во тринаесеттата минута, кога направи одличен продор по левата страна, но ударот беше одбранет од гостинскиот голман. Воедно, доби и највисока оценка во својот тим - 8,0.
Македонскиот „дијамант“ добива сѐ поголема минутажа од тренерот Конте, кој го „проба“ Елмас и на други позиции, каде исто така се снајде и остави солиден впечаток. Наполи има големи проблеми и со повредите, па за очекување е дека нашиот репрезентативец ќе има што да покаже во следниот период.














