Елмас како машина пет месеци не знае за „стоп“, Конте влече еден потег

Ротацијата повторно е во фокусот во Наполи, откако стручниот штаб сериозно размислува за освежување на средниот ред пред саботниот дуел со Верона, пренесува „Тутоспорт“.

Според информациите, Били Гилмор бележи континуиран напредок и би можел да се најде во стартниот состав. Шкотскиот репрезентативец се врати на терените пред две недели на натпреварот против Рома, а од тогаш постепено ја враќа натпреварувачката форма и ритамот.

Постои реална можност Гилмор да започне од првата минута, со што би му се овозможил неопходен одмор на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, кој од 5 октомври наваму се соочува со период на настапи и константна минутажа. Во клубот сметаат дека кратка пауза би можела да му помогне на македонскиот фудбалер повторно да ја пронајде свежината.

Одлуката за конечниот состав ќе биде донесена во пресрет на мечот, но јасно е дека во Наполи се подготвува тактичка ротација со цел тимот да ја задржи стабилноста и интензитетот во клучниот дел од сезоната.