ВИДЕО: Елмас ја „измеша“ одбраната на Џенова и првпат погоди на „Сан Паоло“!

Македонското дерби меѓу Елмас и Пандев очигледно ќе му припадне на помладиот. Наполи убедливо води со 6-0 против Џенова, а Елмас го постигна првиот гол на „Сан Паоло“ во Серија А. Откако влезе од клупата, поранешниот фудбалер на Работнички и Фенербахче одлично ја „измеша“ одбраната на Џенова и го матираше Маркети.

  • Голот на Ељиф Елмас против Џенова: 

Како и Елмас, и Пандев доби шанса од клупата, но неговата екипа е инфериорна и ќе го претрпи првиот пораз сезонава во Серија.