• Зоран Мишевски

Во само неколку месеци драстично се смени статусот на Ељиф Елмас во турскиот гигант Фенербахаче. Доаѓањето на Филип Коку значеше пресврт, целосна доверба и постојана минутажа, иако македонскиот репрезентативец има само 18 години.
„Работите зависеа од мене. По завршувањето на минатата сезона, започна инвидулно да работам, практично немав одмор за да бидам поподготвен за новата сезона. Убаво е кога тренерите ти веруваат, но јас можам многу, многу подобро. Полека се навикнувам на темпото на игра и во иднина верувам дека ќе пружам уште подобри партии“, смета Елмас.
Ељиф потоа се осврна на Гибралтар и најави дека не смета ниту улогата на фаворит и според многумина однапред впишаните бодови од јавноста, навивавачите, критиката.
„Фаворити сме, но не чувствуваме притисок. Се забавуваме во репрезентацијата и веруваме во победа. Не размислувам за позицијата на која ќе настапам. Можам да играм на повеќе позиции, но што и да побара од мене селекторот, ќе го исполнам“, заврши младиот ас на Фенербахче.
Поранешниот фудбалер на Работнички има три одиграни натпревари во сениорската репрезентација, откако претходно настапи на девет натпревари и постигна еден гол за У21 националниот тим.