• Саше Љолес

Норвешкиот голман Ориан Ниланд постигна договор со РБ Лајпциг и ќе го засили клубот од кој беше дел и во минатото, но не успеа да се наметне во првиот тим.
Ниланд импресионираше со одлични настапи на Светското првенство, беше дел од екипата што стигна до четвртфиналето на турнирот, а сега се враќа во Лајпциг, каде треба да добие двегодишен договор.
Претходно, три години беше дел од шпанската Севиља, а во минатото го носеше дресот на Ход, Молде, Инголштад, Астон Вила, Норвич, Борнмут и Ридинг. За норвешката репрезентација има 76 настапи.
Во ростерот на РБ Лајпциг е и нашиот Ељиф Елмас, но неговата иднина засега останува целосно неизвесна.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

