Елмас: Идол ми е Роналдињо, сакам да јадам пица, а настапот на ЕП со Македонија...

Елмас

Ељиф Елмас одговараше на неколку прашање, кои фановите му ги поставија преку социјалните мрежи.

Младиот талент моментално е на подготовки со Наполи, во пресрет на новата сезона. Сепак пронајде време за да даде одговори на најинтересните работи од неговиот живот и фудбалска кариера.

„Мојот идол е Роналдињо, омилено јадење ми е пица, а настапот на ЕП со Македонија беше фантастично искуство, се надевам дека еден ден ќе се појавиме пак на таков турнир.

Најубаво сеќавање во Наполи ми е титулата во Купот, а дресот со број седум ми е мотивација...“, откри македонскиот фудбалер.

Со пензионирањето на Горан Пандев, сега Елмас ќе добие поважна улога во националнио тим. Од него се очекува полека да ја презема лидерската улога во наредните неколку години.

21-годишникот во Наполи има нов тренер во Лучијано Спалети, од кого очекува поголема доверба, во однос на онаа која ја добиваше од Џенаро Гатузо.