ВИДЕО: Елмас и Наполи разочараа, првакот немоќен во Болоња

Италијанскиот шампион Наполи го претрпе третиот пораз сезонава во Серија А, откако во најбледото издание есенва загуби во Болоња со 2-0 (0-0), во дуел од 11. коло на шампионатот на Италија. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас одигра 70 минути, пред да биде заменет со Ноа Ланг во завршницата. 

  • Болоња - Наполи 2-0:

Дуелот започна тактички и тврдо и без многу зрели шанси во првиот дел. Сепак, на почетокот на продолжението, Николо Камбиаги проби по левата страна и убаво центрираше, а Таис Далинга со мајсторска реализација ја погоди мрежата на Вања Миленковиќ-Савиќ (1-0). Следеше јалова реакција на шампионите, но победникот беше решен во 66. мкинута, кога Локуми со глава во гол го претвори убавото додавање на Емил Холм (2-0). Конте се обиде со Ланг и Лука во завршнивата, но Наполи беше уморен и стерилен и не креираше зрели шанси за да се врати во мечот.

Новите тренери Даниеле де Роси и Паоло Ваноли дебитираа со борбено реми во дуелот на Џенова и Фиорентина (2-2). Домаќините поведоа со голот на Остигард, следеа голови на Гудмунсон од пенал и на Пиколи, за Лоренцо Коломбо да го постави конечниот резултат.

Попладнево се игра дуелот на Рома и Удинезе, а вечерва Интер ќе го пречека Лацио