Елмас и Наполи може да му пресудат, Пирло пред отказ во Јувентус?

Екипата на Јувентус денес ќе го дочека Наполи во заостанатото дерби од третото коло на италијанската Серија А. Двете екипи се во тешка битка за првите четири позиции во лигата, со по 56 бодови се наоѓаат на четвртото и петото место. 

Одложеното и оспорено дерби кое прво му беше доделено на Јуве (3-0) по службен пат, конечно ќе се одигра, а според најавите од Италија тоа може да биде последен меч шанса за Андреа Пирло. Младиот стручњак не успеа да ја смени ситуацијата во редовите на шампионот која оди во надолна линија, па по поразот од Беневенто и ремито со Торино, неуспех против Наполи може да биде пресудно. 

Интересно, на „Дерби дела Mоле“ со градскиот ривал Торино, на трибините сопственикот на Јуве, Андреа Ањели беше во присуство на Масимилијано Алегри, што предизвика шпекулации. Останува да видиме дали Наполи и Ељиф Елмас можат да дојдат до добар резултат и да му пресудат на Пирло...