ВИДЕО: Елмас и Наполи ја облекоа „десетката“ во чест на Диего Марадона!

Диего Армандо Марадона беше клупска легенда на Наполи и најголем играч во историјата на „партенопеите“. Така, јасно е зашто фановите беа силно погодено од информациите за смртта на аргентинската легенда. 

Веќе во Неапол се организираа бројни настани за оддавање почит на Марадона, а фановите се собраа околу стадионот кој наскоро треба да го добие и името на легендата. Многумина му оддадоа чест на Марадона, па така и играчите на Наполи. 

Ниту од клупската управа не го заборавија најголемото име во својата историја, па пред почетокот на натпреварот и за време на минутата молк во чест на Марадона, сите фудбалери на овој клуб носеа дрес со бројот 10 и презимето на Аргентинецот.