ВИДЕО: Елмас го доби дуелот со Атанасов, Фенербахче започна со победа над Бурсаспор

Фенербахче Бурсаспор

Македонските фудбалери, Ељиф Елмас и Јани Атанасов, беа на спротивните страни во првото коло од турското првенство, во кое Фенербахче ја победи Бурсаспор (2-1) и ја започна новата сезона со успех пред своите гледачи.

И Елмас и Атанасов добија шанса од клупата за резервни играчи во последните моменти од мечот. Сите голови беа постигнати во првиот дел, а првиот удар го зададоа гостите преку Вилијам Еконг. На тоа избраниците на Филип Коку одговорија со пеналот на Џулијано и победничкиот погодок на Суза по половина час игра.

Фенербахче во новата сезона има предизвик да го сруши бранителот на титулата од минатата година, Галатасарај.