Елмас: Ѓулер ќе изненади на ЕП 2024, како прва ја гледам Франција, ама...

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас во интервју за интернет-страницата „Рацин.мк“ говореше на повеќе теми, а меѓу нив и претстојното Европско првенство (ЕП) кое ќе се игра во Германија.

Дел од натпреварите ќе се играат и во градот во којшто тој игра - Лајпциг. Според Елмас, главен фаворит за титулата е селекцијата на Франција, а играч кој ќе биде изненадување на шампионатот е Арда Ѓулер од Реал Мадрид кој настапува за Турција.

„Прв фаворит за титулата ми е Франција. Но, не ги отишувам Германија и Италија. Една од овие три селекции ќе игра во финалето. Арда Ѓулер, турскиот репрезентативец кој игра за екипата на Реал Мадрид, може да биде изненадувањето на првенството и да остави интересен впечаток“, изјави Елмас.

Шампионатот стартува со дуелот меѓу Германија и Шкотска кој се игра утре (петок) од 21:00 часот.