Елмас: Гатузо ми вели дека сум „животно“, во смисла дека сум голем борец

Елмас

Наполи денес гостува кај Ријека во обид да направи уште еден чекор напред кон обезбедување главна фаза во Лига Европа. Хрватскиот претставник е аутсајдер во групата Ф, во која има запишано два порази на првите два меча.

Во тимот на Џенаро Гатузо се врати Ељиф Елмас, кој неколку недели беше надвор од конкуренција поради коронавирус. Македонскиот репрезентативец во пресрет не мечот го објасни односот со својот тренер.

„Гатузо не ни рече ништо посебно мене или на моите соиграчи пред натпреварот. Тој секогаш ми вели дека сум „животно“, во смисла дека сум борец и не бегам од ништо. Тој има карактер кој ми се допаѓа и е одлична личност“, вели Елмас.

Натпреварот Ријека - Наполи се игра денес со почеток од 18:55 часот.