Елмас е среќен во Наполи: Има договор до 2025 и засега сака да остане!

Лидс Елмас

Македонскиот фудбaлски репрезентативец Ељиф Елмас не сака да ја напушти Италија и себеси во иднина се гледа во тимот на Наполи, откри неговиот претставник на „чизмата“ Џузепе Гарди.

Се споменуваше дека Наполи ќе се обиде да го продаде Елмас за да ја реши финансиската криза, но само ако добие сума од 25 милиони евра, ама фудбалерот засега не сака да го напушти тимот од градот под Везув.

„Наполи има дијамант во тимот. Елмас е млад играч, лидер на националниот тим и дава голови. Се заработува 30-40 милиони евра од таков играч. Дали Наполи одби понуди од Дортмунд и Бенфика? Нема да го одговорам ова. Неговата иднина? Има договор до 2025 година. Засега е среќен во Наполи и се е во ред“, кажа Гарди.

Елмас пристигна во Наполи од редовите на турски Фенербахче, а под водство на Џенаро Гатузо не ја добива редовната минутажа која ја заслужува.