„Елмас е комплетен играч и има одличен „тајминг“ на теренот...“

Елмас

Репрезентативецот на Македонија, Ељиф Елмас одигра речиси цел натпревар кај Болоња, каде Наполи запиша важна гостинска победа.

Македонскиот фудбалер се наметнува како еден од клучните играчи на „наполитанците“. Колку е важен за тимот на Лучијано Спалети кажуваат зборовите на екс напаѓачот на екипата, Франческо Баиано.

„Елмас напредна многу откако пристигна во Наполи. Сега е комплетен играч, кој може да покрие неколку позиции. Тој е важен за тимот, колку што е Лоренцо Инсиње. На многу важни натпревари Спалети го искористи, бидејќи е разноврсен и има одличен „тајминг“ на теренот“, вели поранешниот член на калчолигашот.

22-годишникот е прв стрелец и најзаслужен за успесите на италијанскиот клуб бо Лига Европа. Тоа е потврда на одличната форма која ја прикажува во дресот на Наполи оваа сезона.