Елмас добива конкуренција во средниот ред: Вилшер на радарот на Фенербахче

Беше еден од најнадежните англиски фудбалери, но човек кого бројните повреди како и агресивниот карактер го оддалечија од најдобрите европски екипи. Фудбалерот на АрсеналЏек Вилшер, веќе пред извесен период изјави дека и официјално заминува од „Емирати“, а според последните наводи, за неговите услуги се заинтересирал и Фенербахче

Вилшер беше мета на Кристал Палас и Јувентус, но медиумите од Англија откриваат дека 26-годишниот играч за врска е пред потпис со турскиот гигант Фенербахче, кој понудил најпримамлива понуда. Фенер веќе неколку сезони не штеди за вакви засилувања, но засега нема информација кои ќе бидат примањата на англискиот фудбалер и на колку години би го потпишал договорот. 

Доколку овој премин се реализира, Фенер квалитетно ќе ги засили своите редови, а нашиот репрезентативец Елиф Елмас ќе добие сериозна конкуренција во средината на теренот.