ВИДЕО: Елмас доби шанса на дербито, Киеза го спаси Јуве од пораз во Торино

Фудбалерите на Јувентус не успеаја да му се реваншираат на големиот ривал Наполи за поразот во нивната прва средба оваа сезона во Серија А и на свој терен одиграа само 1-1, во натпревар во кој „старата дама“ беше таа која имаше негатива, и на крај преку Киеза се избори само за бод.  

  • Извештај од натпреварот:

И Алегри и Спалети имаа сериозни проблеми да ги одберат најдобрите единаесетмина за ова дерби. Во редовите на двете екипи има бројни фудбалери позитивни на ковид-19, а со вирусот е заразен и стратегот на наполитанците, па од „дома“ го водеше својот тим. Сепак, актерите кои истрчаа на терен пружија одлична фудбалска претстава. Во Торино се играше отворен фудбал, со многу шанси на двете страни, а првиот дел им припадна на гостите, кои во 23. минута со голот на Мертенс се изборија за водство од 0-1.

Белгискиот ас по една одлична тимска акција биеше по земја, а Шчесни, сакајќи да забележи успешна интервенција со врвот од прстите го промени правецот на движење на топката и не му дозволи на Де Лихт да спаси од гол-линијата.

И „старата дама“ имаше свои моменти и шанси во првиот дел. Најголемата ја испушти Мекини уште во раната фаза од мечот, кога со глава промаши од зицер позиција, а неуспешни обиди имаа уште Квадрадо и Бернардерски.

Двете екипи во ист ритам го отворија и вториот дел, но овој пат поопасен беше домаќинот, кој во 54. минута преку Киеза ја врати неизвесноста на натпреварот (1-1). Наполи експресно можеше да го врати водството на својот тим, но овој пат Шчесни со одлична интервенција го сопре ударот на Мертенс, додека на спротивната страна со удар од полудесно се закани Мекени.

По серијата шанси пред двата гола, темпото на игра спласна, па двајцата стратези се решија да ги освежат своите состави. Алегри во игра ги внесе Дибала, Бентакур, Кин и Де Шиљо, додека на спротивната страна шанса доби нашиот Ељиф Елмас (76. минута), кои во стројот на својот тим се врати пред само неколку дена, откако по вторпат беше позитивен на ковид-19. Сепак, замените не ја донесоа потребната динамика и до крајот на натпреварот мрежите мируваа во Торино.

Следен предизвик за Наполи и Елмас е домашен натпревар против Сампдорија, а Јуве е пред нов сериозен испит и дерби со римска Рома, која што вечерва беше надиграна од Милан (3-1).

Состави

Масимилијано Алегри

4-3-3

    Лучијано Спалети

    4-2-3-1