ВИДЕО: Елмас доби 70 минути, Наполи се справи со Емполи во Купот

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас и неговиот Наполи славеа над Емполи (3-2) во Купот на Италија и патуваат во четвртфиналната фаза, меѓу осумте најдобри.

  • Извештај од натпреварот:

Наполитанците важеа за апослутни фаворити, ама се намачија да дојдат до победата. Една од најдобрите екипи во Серија Б му покажа заби на калчолигашот, двапати изедначуваше, па за победничкиот гол се чекаше до последниот период од мечот.

Резултатот се отвори во 18. минута, кога Наполи поведе преку Ди Лоренцо, но во 33. минута Бајрами доби топка од Матос и изедначи на 1-1. Предноста за домаќинот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ ја врати Лозано, а во вториот дел, откако Бајрами изедначи со својот втор гол, погодокот вреден триумф го постигна Петања во 77. минута.

Ељиф Елмас беше стартер во тимот на Наполи и на теренот беше до 70. минута. Наполи во следната фаза од Купот на Италија ќе игра со Рома или Специја.