Елмас беше најрасположен во Тбилиси, токму таков ѝ е потребен на Македонија и во иднина

Македонската репрезентација го одигра претпоследниот натпревар во Лигата на нациите, а по него повеќе нема шанси за пласман во плеј-офот. Во Тбилиси против Грузија избраниците на Сер Боби вторпат загубија од овој ривал во циклусот, овојпат со 2-0. Со многу проблеми и отсуства, Македонија мораше да брка чудо против препородените Грујци кои чекаа свои шанси и ги казнија грешките. 

Притисокот во нашиот национален тим падна врз грбот на Ељиф Елмас, Барди, Димитриевски, Алиоски, Велковски и Муслиу како најискусни. Нашиот „дијамант“ одново покажа моменти на блесок во Тбилиси. Елмас беше нашата најголема опасност по противничкиот гол, со повеќе дриблинзи покажа што знае и дека само му е потребен континуитет во натпреварите за да игра на високо ниво. Денес против Грузија, на теренот го видовме Ељиф Елмас кој ѝ е неопходен на Македонија, оној кој ja одведе земјата во бараж за Мундијалот со два гола против Исланд, ја сруши големата Германија, а погодуваше и со Словенија, Летонија и Лихтенштајн

И денес Елмас беше близу до погодок, еден од двата удари кон голот на Грузија му беше колосална шанса која заврши во надворешната мрежа, а забележа речиси перфектни 96,6% во пас играта. Асот на Наполи беше расположен, си поигруваше со противниците и со леснотија ги дриблаше, па јасно е дека токму таков Елмас е потребен во следниот циклус на квалификации. Иако имаше и натпревари за заборав во националниот дрес и релативно слаб настап на Европското првенство, јасно е дека во иднина токму 22-годишното момче од Бутел ќе биде носител на играта. 

Следна шанса да блесне Ељиф Елмас ќе има против Бугарија в понеделник, можеби пред одлично пополнети трибини на Арената „Тодор Проески“. 

Состави

Вили Сањол

3-4-3

    Благоја Милевски

    4-4-2