Елмас, Атанасов, Чурлинов... ја водат Македонија У19 во борба за историско ЕП

Селекторот на У19-репрезентацијата на Македонија, Вујадин Станојковиќ, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот турнир од елитната фаза за пласман на Европското првенство.

Станојковиќ во составот на Македонија У19 повика проверени сили, а лидери повторно ќе бидат Ељиф Елмас, Јани Атанасов, Дарко Чурлинов, Димитар Митревски, Бојан Колевски... кои ќе се обидат да ја однесат Македонија на едно историско Европско првенство во оваа генерација.

Досега, само У21-репрезентацијата има настап од машките селекции на големите натпреварувања. Македонија е во група со Англија, Унгарија и Летонија, а турнирот ќе се игра во Скопје, од 21 до 27 март.