ВИДЕО: Елмас асистент во Куп-победата на РБ Лајпциг!

Фудбалерите на РБ Лајпциг се радуваа на победа и пласман во осминафиналето на ДФБ Купот, совладувајќи го Сент Паули со 4-2 (3-1). Во овој триумф асистенција забележи македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас при последниот погодок на „биковите“. 

Резултатот го отвори Јусеф Поулсен во 12. минута, а пет подоцна погоди Кристоф Баумгартнер за 2-0. Сент Паули се врати во игра преку Гилавоги, но Поулсен пак стрела пред полувремето. Одново Смит намали на 3-2 на стартот на вториот дел. 

Ељиф Елмас влезе во игра во 76. минута, а четири подоцна му додаде на Нуса кој го постигна последниот гол. 

Пласман понатаму забележа и Баер Леверкузен против Елверсберг со 3-0. Патрик Шик беше двоен стрелец, погоди и Гарсија, а сите три погодоци паднаа во првото полувреме. 

Убедлива победа запиша и Аугсбург против Шалке (3-0), додека Карлсруе го совлада Офенбах (0-2).