Ељиф Елмас во тимот на колото во Серија А!

Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас имаше одличен меч за Наполи и за тоа доби награда од Серија А.

Играчот од средниот ред даде гол во победата на Наполи над Торино со 2-1, атрактивно погоди со волеј. Тоа му донесе оценка 7,0 и тој се најде во тимот на колото во калчото.

Наполи е задоволен од Елмас и веќе работи на откуп на неговиот договор од РБ Лајпциг за цена од 17.000.000 евра. Во моментов тој е во клубот на позајмица.