• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас нема да биде дел од составот на Наполи на следниот натпревар во Серија А кој е претпоследен во калчото за актуелната сезона.
Наполитанците овој викенд гостуваат кај Болоња, а Елмас нема да може да игра поради суспензија. Играчот од средниот ред доби жолт картон на натпреварот против Интер и затоа ќе следи пауза од еден меч.
Во последното коло Наполи на домашен терен игра против Сампдорија и се очекува Спалети да му даде на Елмас да ја заврши сезоната со стил, во стартните единаесет на актуелниот првак на Италија.
Наполи уште од пред неколку кола ја осигура титулата, а сега во фокусот е борбата за Лигата на шампионите во најдобрата лига на „чизмата“.