Ељиф Елмас побара итна замена поради силна вртоглавица?

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше стартер за Наполи во мечот од 21. коло на Серија А против Сасуоло. Сепак, играчот за врска не го доигра натпреварот и беше заменет во 56. минута од средбата. 

Елмас во еден момент само легна на тревникот сигнализирајќи дека му е потребна замена. Докторскиот тим пријде и му укажа помош, а тој кога стана се држеше за главата и лицето. 

Според информациите од Италија, Елмас имал вртоглавици, но не е познато дали до проблемот дојде поради некој дуел или судир. Антонио Конте не сакаше да ризикува и веднаш реагираше, па го повлече Елмас во игра. Се очекува Наполи и медиумите од Неапол да изнесат повеќе информации во текот на вечерта за ситуацијата на македонскиот репрезентативец.

  • Извештај од натпреварот:

Што се однесува до самиот натпревар, шампионот го реши со единствениот гол на Станислав Лоботка во седмата минута (1-0). Со овој триумф Наполи се израмни со Милан кој утре игра против Лече на по 43 бода, додека водечкиот Интер има 49.