• Иван Димовски
Ељиф Елмас е на излезните врати на РБ Лајпциг, бидејќи јасно е дека нема иднина во германскиот клуб.
Македонскиот репрезентативец за 24 милиони евра во јануари 2024 година се пресели во Лајпциг, ама не доби посакувана минутажа и одново гледа кон нов предизвик. Елмас пролетната полусезона ја мина во Торино и одигра одлично, меѓутоа на клубот му беше прескапо да го откупи според договорените услови и тој се врати во Германија.
И покрај тоа, германски „Кикер“ пишува дека Елмас нема намера повеќе да остане во Лајпциг, а исто така не сака ниту нови позајмици туку целосен трансфер. Опции за македонскиот креативец постојат, меѓутоа треба да се задоволат и барањата на германскиот клуб кој нема лесно да се откаже од играчот за кој плати 24 милиони евра.
Ељиф Елмас во кариерата играше за Работнички, Фенербахче, Наполи, Лајпциг и Торино.







