Ељиф Елмас на радарот на поранешниот шпански шампион!

Ељиф Елмас бара нов клуб, а во комбинација сега влегува и трансфер во шпанската Примера. Македонскиот репрезентативец е на излезните врати на РБ Лајпциг и за него се бара нова средина откако минатата полусезона беше позајмен во Торино, но клубот нема доволно средства за да го купи Елмас. 

Според шпанските медиуми за услугите на Елмас заинтересиран е Реал Сосиедад. Клубот од Баскија има одлични односи со Лајпциг и се надева дека многу бргу ќе го комплетира овој трансфер. Германскиот клуб нема проблем со продажба, напротив сака да ослободи простор во тимот, ама нема да го пушти Елмас за „ситно“ бидејќи го плати 24 милиони евра. 

Елмас според информациите нема ништо против трансфер во Шпанија и обид да се наметне во Примера. 

Кариерата на македонскиот репрезентативец тргна преку Работнички, а рано се пресели во Фенербахче. Со добрите партии се избори за трансфер во Наполи со кој стана италијански првак. Потоа го загуби статусот и се пресели во Лајпциг, но таму воопшто не беше во преден план. Позајмицата во Торино во пролетната полусезона покажа дека Елмас уште може да игра на врвно ниво, ама „биковите“ не можеа да си дозволат да го откупат и тој се врати во Германија.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.