Ељиф Елмас на крајот ќе игра за трет клуб од калчото!?

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе ја напушти екипата на РБ Лајпциг до крајот на летниот преоден рок, а неговата желба е повторно да заигра во италијанскиот фудбал.

Според последните информации, 26-годишниот офанзивен играч за врска во изминатите денови бил понуден на Фиорентина, која ја разгледува можноста за негов ангажман. Интересот од клубот од Фиренца постои, преговорите се во тек, тврдат од Италија.

Елмас пристигна во РБ Лајпциг во јануари 2024 година во трансфер вреден околу 24 милиони евра, а неговиот договор со германскиот бундеслигаш е со важност до 2028 година. Сепак, македонскиот интернационалец не успеа целосно да се наметне во германскиот клуб, по што беше испраќан на позајмици во Италија. Токму поради тоа, неговото враќање на Апенините се смета за реална опција во овој преоден рок.

Според актуелните проценки, пазарната вредност на Елмас изнесува околу 13 милиони евра, додека РБ Лајпциг наводно бара најмалку 15 милиони евра за неговите услуги. Претходно, германскиот клуб одбил понуда од 10 до 11 милиони евра за негов трансфер.

Елмас досега играше за два клуба во калчото, тоа се Наполи и Торино. За неговите услуги постоеше интерес и од Јувентус.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.