• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ељиф Елмас се најде во најскапиот тим кој игра во турската Суперлига.
Елмас, кој игра за Фенербахче, според специјализираната интернет-страница за трансфери „Трансфермаркт“, е проценет на 7,5 милиони евра. Тој е во средниот ред, заедно со Адем Љајиќ од Бешикташ и Баду Ндиаје од Галатасарај.
Најскап играч во турската Суперлига е Виктор Мозес, кој од Челзи пристигна во Фенербахче, кој е проценет на 14 милиони евра, но претходно вредеше 18 милиони евра.
Нашиот репрезентативец е единствениот тинејџер меѓу ѕвездите од турскиот шампионат.
