Елитен италијански судија делегиран за хрватското Куп-дерби

В среда на програмата во Хрватска се натпреварите од полуфиналето на Купот. Откако за викенд дуелот во ХНЛ беше делегиран германскиот арбитар Зиберт, сега Хрватите го следат трендот. 

За големото дерби на „Пољуд“, каде што во неколку дена пак ќе се судрат Хајдук и Динамо, делегиран е елитен италијански судија. Станува збор за Фабио Мареска, кој викендов делеше правда на дуелот меѓу Фиорентина и Милан, а низ сезоната беше биран од ФИГЦ и за неколку потешки дерби пресметки во калчото. 

Заедно со Мареска во Сплит ќе работат Колароси и Роси, четврти судија ќе биде Пронтера, додека ВАР арбитар е Даниеле Патерна. Хрватска се реши по примерот на Грција во регионот да носи елитни европски судии за натпреварите од голема важност, каков што е и полуфиналето на Купот.

За второто полуфинале меѓу Локомотива и Ријека е делегиран Патрик Колариќ.